Српскиот интернационалец, Вања Илиќ си заминува од Металург, откако двете страни не успеале да постигнат договор.
Илиќ беше еден од најдобрите поединци во клубот од Автокоманда, но сега има понуда од шпанскиот клуб Логроњо. Тој преку социјалните мрежи емотивно се збогуваше и се заблагодари.
Пред два дена и пикерот на Металург, Жарко Пешевски, го напушти клубот и заминува за Украина, каде ќе настапува за Мотор Запорожје.