Низа фудбалски ѕвезди без покани за учество во Мундијалот – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/18 2:12 PM

Низа фудбалски ѕвезди без покани за учество во Мундијалот

Без многу ѕвезди ќе започне Светското првенство во фудбал за десетина дена, а последниот во серијата отпишани ѕвезди е германецот, Лерој Сане.

Фудбалските навивачи стануваат се’ позагрижени поради списоците, на кои меѓу другото, нема место ни за Кристијан Бентеке, ниту пак за Раџа Наинголан.

Аргентиците го изоставија Мауро Икарди, а Шпанците се отпишуваат од Цеск Фабрегас, Алваро Мората, Хектор Белерин и Маркос Аленса. Во Франција не беа поканети Адриен Рабиот, Антони Марсијал, Димитри Паѕет, Александар Лаказет и Карим Бензема.

Овие познати фудбалери, се чини ќе ги гледаат натпреварите во Русија преку телевизија, бидејќи не добија повици од своите национални тимови.