Разбојници во Чиле го нападнале менаџерот на Вест Хем, Мануел Пелегрини. Тој бил нападнат и ограбен од двајца мажи со пиштоли додека вечерал со неговата сопруга во ресторан – пренесе „Марка“. Полицијата реагирала бргу, почнувајќи потрага по криминалците, но тие отвориле отвориле оган кон полициските службеници и избегале. Подоцна нивниот автомобил бил откриен.
Чилеанскиот фудбалски стручњак им се заблагодари на полицајците за нивниот брз одговор.
Инаку, Пелегрини во новата сезона ќе го предводи Вест Хем во Премеир лигата.