Трчање во време на Корона- Не е доволна дистанца од две метри, за велосипедистите треба уште повеќе – ММС
ММС

Објавено на: 04/10/20 7:35 AM

Трчање во време на Корона- Не е доволна дистанца од две метри, за велосипедистите треба уште повеќе

Нова компјутерска симулација покажа дека  растојанието од две метри можеби не е доволно за оние кои трчаат или возат велосипед.  Компанијата  Ансѕс  објави симулација која покажува како капките од белте дробови се однесуваат кога се во прашање телесните активности. Се дојде до заклучок дека растојанието од две метри е доволен кога станува збор за разговор меѓу две личности, но ризикот од гтрансмисија се зголемува ако додека трчите не држите дистанца од другата личност барем три метри. За велосипедистите, велат од компанијата, сигурна дистанца е 10 метри.

Симулацијата исто така покажа дека додека трчате посигурно е кога сте еден до друг, односно трчате паралелно, отколку еден зад друг.

Софтверот на  Ансѕс најчесто се користи од компании како НАСА и Ферари, но и од елитни спортисти кои имаат за цел да ги подобрат перформансите и безбедноста.

https://www.facebook.com/Ansys/videos/2567741573496136/?t=13