Ветеринар ги спаси Фарските острови од Корона, само еден лежи во болница – ММС
ММС

Објавено на: 04/9/20 7:56 PM

Ветеринар ги спаси Фарските острови од Корона, само еден лежи во болница

Научник кој ја користел својата ветеринарна лабораторија за тестирање на лососи, се слави како херој на Фарските острови поради навременото контролирање на ширењето на инфекцијата. Во оваа автономна данска провинција со околу 50 000 луѓе нема смртни случаи од коронавирус. Архипелагот, кој се наоѓа во средината на Северниот Атлантик, помеѓу Шкотска, Норвешка и Исланд, во моментов има само еден хоспитализиран пациент со „Ковид-19“ и се истакнува во Европа без воопшто да има смртни случаи. Таму биле заразени вкупно 184 лица.

Во средата, премиерот Барур – Штиг Нилсен најави дека ќе ги отвори градинките и јаслите на 20 април, како и училиштата за најмладите ученици. Учениците на последната година од средно училиште ќе се вратат во училниците, а спортските настани ќе продолжат, но без гледачи. Успехот на нивниот пристап се припишува на раните предвидувања на ветеринарот Дебас Кристијансен, шеф на Националната референтна лабораторија за риби и болести на животни, во Торшавн, главниот град на Фарските острови.

Во јануари, Кристијансен ја предупредил владата на Автономниот регион на Кралството Данска дека мора да се подготват за можно ширење на епидемијата од Кина. Неговата лабораторија, која првенствено користи лосос за тестирање на вирусни инфекции, била прилагодена за тестирање на луѓето, а тој само требало да купи дополнителен материјал за тестирање на коронавирус. Масовно тестирање на лососот се спроведува на Фарските острови по избувнувањето на вирусното заболување  кај лососите  во 2001 година.

Според официјалните податоци, 10% од целата популација на Фарските острови, околу 50.000 луѓе, биле тестирани за коронавирус. Покрај тоа, Фарските острови тестирале најголем процент од населението од која било земја или автономна територија во светот. Лекарите, оттаму можеа да трагаат и да тестираат секого што имал контакт со 184 лица кои биле позитивни на коронавирус. Од оние што се разболеле, 131 биле излекувани. Кристијансен изјави за „Гардијан“ дека адаптацијата од тестирање на животни кај луѓето не вклучува многу магија и дека неговата ветеринарна лабораторија можела да најде материјали за тестирање не само од болниците, туку и од многу други производители.

– Прилагодувањето беше лесно. Единствените работи што ги сменив се состојките. Наша вообичаена работа е да бараме вируси и бактерии кај рибите и во овој случај само да ги модифицирате трите компоненти специфични за коронавирусот, рекол тој.

Кристијансен рече дека неговата лабораторија може да направи до 1.000 тестови на ден, доколку е потребно и кога има асистенти. Последните примероци што ги тестирал во вторникот биле негативни. Научникот кој ја користел својата ветеринарна лабораторија за тестирање на лососи, се слави како херој на Фарските острови поради навременото контролирање на ширењето на инфекцијата.

Пратеничката од опозицијата, Кристина Хафос, која беше министер за финансии до 2019 година, го пофали брзиот одговор на Кристијансен, но и напорите на владата да постави драјв-ин тестирање пред главната болница и карантин во хотел во близина на аеродромот.

– Ако требаше само да ги испратат тестовите во Данска за анализа, ќе потраеше една недела за да се вратат назад и не би било можно да се контролира болеста на овој начин.