Фолк пејачот Благоја Грујовски ги поминува деновите во самоизолација, како и сите ние. Тој вели дека најважно од се е да разбереме дека се ќе помине, само ние треба да останеме присебни и да се држиме до препораките. А за тоа дали му е досадно дома, вели, не, освен што како и на сите негови колеги му недостасуваат настапите.
-Се адаптираме на новите околности што ги предизвика вирусот. Излегувањето е сведено на минимум, само за накаква набавка. Комуникацијата е само по телефон. Кога се мора ќе го пребродиме и ова. А јас за да не ми биде досадно читам или слушам музика, вели Благоја и додава:
-Моето мото сега е: трпение-спасение. Треба да сме смирени и рационални. Да не се шири паника и страв, вели тој.