Печеле јагне на ражен за време на полициски час, полицијатата ги уапсила – ММС
ММС

Објавено на: 04/9/20 12:03 PM

Печеле јагне на ражен за време на полициски час, полицијатата ги уапсила

Како што соопштува полициската управа на Босанска Градишка, полицајци синоќа околу 20.30 часот, за време на полицискиот час, на отворено во излетничко место кај Србац затекнале како 11 лица печат јагне на ражен, пренесува сараевски „Аваз“.

На прекршителите на полицискиот час им биле издадени прекршочни налози според член 22 од Законот за јавен ред и мир на Босна и Херцеговина.