„До пред два дена се произведени и дистрибуирани 6.500 заштитни маски со визири финансиски поддржани со средства донирани од граѓани и фирми„, велат од агенцијата „Навигаторс“.
Процесот за снабдување на приватните здравствени установи сеуште е во тек, но заради интензивниот труд на активистите од 3Д принт медицинска опрема, само на 7. април беа опслужени 100 установи во еден ден, паралелно со доставата на визири на: Здравствен Дом – Скопје, Градска Општа Болница “8ми Септември”, УГАК, Психијатриска болница Скопје, Здравствен Дом – Железара. Навивачката група „Комити“ донираа 600 хируршки маски и 40 заштитни скафандери, кои беа поделени на УГАК и Градска Општа Болница “8ми Септември”.
Поради зголемената употреба на Вералит (провиднот дел на визирот) и потешкотиите за негов увоз во државата, поради здравствената ситуација, со цел да се задоволат сите медицински работници, групата на активисти од „3Д принт медицинска опрема“ апелира до сите оние кои можат да ги снабдат со Вералит (проѕирен дел од визирот) да ни се обратат.
– Доколку не успееме да набавиме Вералит акцијата за донација на визири ќе мора значително да го намали темпото на обслужување на работниците, бидејќи ги трошиме последните залихи, велат од, „3Д принт медицинска опрема“ .