Над 600 компании ја прифатија понудата на Халкбанк за грејс-период до шест месеци за своите кредитни обврски – ММС
ММС

Објавено на: 04/9/20 10:27 AM

Над 600 компании ја прифатија понудата на Халкбанк за грејс-период до шест месеци за своите кредитни обврски

Повеќе од 600 компании клиенти на Халкбанк, со над 9.600 вработени и со кредитна изложеност во банката во висина од 140 милиони евра, ја прифатија понудата за одложено плаќање на тековните кредитни обврски за период до 6 месеци и пролонгирање на доспевањата на краткорочните кредити, во зависност од индивидуалната потреба на компаниите засегнати од кризата.

Во рамки на компаниите кои ги искористија мерките, најголем дел припаѓаат на малите и средните претпријатија кои беа и најзасегнати со оваа ситуација. Па така, 354 мали компании кои во банката имаат кредитна изложеност во висина од над 43 милиони евра и 198 микро компании со кредити во висина од 10,7 милиони евра ја имаат прифатено понудата на Халкбанк. Позитивно одговорија и 38 средни компании со изложеност од 33,9 милиони евра, како и 18 големи фирми кои имаат и најголема кредитна изложеност од околу 51,7 милиони евра.