Солзи радосници: Мила ја победи леукемијата, заѕвони на ѕвончето за оздравување на Детската клиника – ММС
ММС

Објавено на: 04/9/20 9:38 AM

Солзи радосници: Мила ја победи леукемијата, заѕвони на ѕвончето за оздравување на Детската клиника

Тригодишната Мила заврши со хемотерапија, ја победи леукемијата и си заминува дома. Со нејзината мајка свечено заѕвонија на ѕвончето за оздравување, или ѕвончето за чао, како што го викаат децата на Клиниката за детски болести, додека персоналот ги поздравуваше со аплауз.

– Многу мила, една мала Мила! Денес и на оваа прекраснотија ѝ велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш докторка и кога и ти ќе лекуваш дечиња. Денес клоцна една голема грижа, така и треба – напиша на фејсбук-профилот здружението „Сано“, кое ги поддржува децата болни од рак и нивните семејства.

Марија Тасев, основач на „Сано“, објаснува дека кога едно дете ќе заѕвони на ѕвончето, другите го следат во ходникот, од кај болничките соби.

– Му даваат поддршка и сакаат и тие да заѕвонат на ѕвончето. Тоа значи дека е крај на лекувањето, боцкањето, болките, неизвесноста и конечно си одат дома здрави. Ѕвончето за нив значи почеток на нов живот – вели Тасев.

Извор: деца.мк

Фото: САНО

https://www.facebook.com/1503652413077758/videos/561810597776190/