Охридската пастрмка е наша и единствена, погледнете го документарецот, корисно пополнето седењето дома – ММС
ММС

Објавено на: 04/9/20 9:22 AM

Охридската пастрмка е наша и единствена, погледнете го документарецот, корисно пополнето седењето дома

Охридската пастрмка претставува заштитен знак и синоним за  ендемичноста на Охридското езеро, но неконтролираниот лов ќе доведе до нејзино потполно исчезнување. Нуркачкиот центар „Амфора“ сними документарен филм со цел да се  запознаеме со вековниот ритуал на охридската пастрмка, каде се мрести, како се однесува при мрест, кои се реакциите при контакт со нуркач, а со единствена порака за нејзина заштита од изумирање.

-Документарниот филм е сниман во текот од пет сезони во зимските месеци во период кога охридската пастрмка доаѓа во плитки води да се мрести. Направени се повеќе од 50 часа снимен материјал и над 300 подводни фотографии. Нуркањата беа изведени во екстремни и ноќни услови, на температура на вода од 6 до 7 целзиусови степени, во присуство на планктон, труења, заматена и разбранета вода. За да се направи добар снимен материјал потребно е големо искуство во нуркање, стабилност при снимање, да се познаваат навиките на пастрмката и местата на кои се мрести. Најчесто се снимаше на длабочина од 2 до 15 метри, но направивме и доста  нуркања до 40 метри длабочина, велат од „Амфора“ со препорака:

„Во овие тешки времиња кога целиот свет и нашиот народ се соочува со големото зло Ковид- 19, нуркачкиот центар „ Амфора“ со ваша помош сака да даде свој допринос и на нашите граѓани да им прикаже интересна приказна и да им го олесни домашниот престој“.