Обеда Дурон Гомез, градоначалник на мексиканскиот град Махахуела, е убиен од страна на нарко-банди зашто ги блокирал патиштата кон неговиот град за да го запре ширењето на коронавирусот. Бил убиен додека патувал во јужната мексиканска држава Кинтана Ро.
Тој бил во минибус со повеќе патници кога друго возило ги претекнало и од него рафално било пукано. Бил однесен во болница и опериран, но лекарите не успеале да го спасат. Напаѓачите избегале, а истражителите на местото на настанот пронашле 20 потрошени чаури од огнено оружје, како и возилото користено во нападот.
Гомез добил закани од криминалните банди кои преземаат пратки од дрога од брегот, откако решил да ги блокира пристапните патишта на Махахуела заради коронакризата. Според локалните медиуми, локалното население често преживува така што бара изгубени пакети со кокаин кои се исфрлале од авиони на дилери на дрога на брегот на Карибите.