Ја чешлате косата мокра? Тоа е најголемата грешка што ја правите – ММС
ММС

Објавено на: 08/28/20 6:00 PM

Ја чешлате косата мокра? Тоа е најголемата грешка што ја правите

Ја чешлате косата мокра? Прочитајте ги советите за оваа навика и веднаш ќе се предомислите.

Кога ја чешлате косата мокра, таа се крши и истенчува. Го губи волуменот, краевите се раздвојуваат и секое влакно води своја политика. Што е решението?

Фризерите велат дека мократа коса треба да ја чешлате што помалку, додека малку не се подзасуши. По миењето косата врзете ја во крпа и оставете ја на глава околу 10 мунти. За тоа време, ткаенината ќе ја апсорбира влагата, а потоа косата можете да ја разделите со прсти.

Ако не можете без чешел, тогаш употребете го оној со најретки запци. Подобро е да го користите кога косата ќе се исуши и ќе стане полумокра. Претходно ставете спреј, масло или гел по целата должина  за да си го олесните чешлањето.

Чешлајте одозгора па надолу, држете ги прамените во рака и полека влечете со чешелот.

Текст: republika.rs

Фото:republika.rs