Американското списание „Плејбој“ за Плејмејт за модел за април ја одбра убавицата Марша Ел а нејзините фотографии ја возбудија јавноста. Оваа црномуреста убавица и пејачка ги привлече сите бидејки е со една ампутирана нога. Таа е родена со ретко пореметување на недостаток на бутната коска, па поради тоа и е ампутирана целата нога.
-Кога ме прашаа да бидам Плејмејт за парил јас не престанав да плачам. Никогаш во милион години немаше да помислам дека ќе бидам Плејмент. Светот станува се повеќе инклузивен и инспиративно е да се знае дека можам да помогнам, стои на Инстаграм.
Во нејзината биографија пишува дека животот воопшто не и бил лесен, но и покрај се Марша успеала да се избори и со себе и со околината. Нејзината најголема љубов е музиката, пее и вели дека Бог и го спасил животот преку неа.
На Инстаграм има повеќе од 50 илјади следбеници, отворено покажува како изгледа и на сите им порачува да не се срамат од недостатоците, туку да се сакаат себеси.