Штип нема новозаболени, постапено е по починатиот градежник позитивен на Ковид 19 – ММС
ММС

Објавено на: 04/8/20 1:19 PM

Штип нема новозаболени, постапено е по починатиот градежник позитивен на Ковид 19

Нема нови случаи на позтивни на корона вирус во Штип, потврдија од Институтот за јавно здравје, но институциите се соочија со случајот на починат градежен работник, за кој се утврди дека бил заболен од Ковид 19. Градежниот работник е албански државјанин, кој работел на градилиште во Штип, додека имал живеалиште во Кавадарци, Ова лице било на возраст од 44 години, и беше пронајден мртов во неговиот изнајмен стан во Кавадарци.

Од штипскиот Инситут за јавно здравје потврдија дека се пронајдени сите лица кои работеле или биле во контакт со него. Од кавадаречките служби е извршена дезинфекција во објектот каде е пронајдено починатото лице.

Дознаваме дека се чека транспорт на телото на починатиот од Кавадарци во Албанија, а веќе имало пристигнато негови роднини.