Препорака од лекар: Техника на дишење која може да ви ги ублажи симтомите на Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 08/28/20 10:35 AM

Препорака од лекар: Техника на дишење која може да ви ги ублажи симтомите на Ковид-19

Луѓето кои го почуватвувале корона вирусот на своја кожа рекле дека во некои моменти на болеста се чувствувале беспомошно, а еден лекар открил техника на дишење за која тврди дека може да ги ублажи симптомите.  Пациентите кои се лечени од корона вирус  прераскажувале за различни фази на болест од Ковид-19. Симптомите вклучувале интензивни епизоди кашлање  и отежнато дишење, бидејки овој вирус, пред се е респираторна инфекција, па поради тоа и белите дробови се најпогодени.

Докторот Сарфараз Мунши, главен во интензивна нега во  Квинс болницата во Англија на социјалните мрежи подели совети за техника на  дишење,  која би можела да ги ублажи симптомите на  корона вирусот.  Тој вели дека оваа техника ја развила неговата колешка Су Елиот, главна медицинска сестра која редовно ја користела  кај пациентите кои се на оделението за интезивна нега.

Како функционира оваа техника?

За почеток треба да направите пет длабоки вдишувања и секогаш да го задржите пет секунди. На шестото  вдишување повторно задржете го здивот пет секунди а потоа накашлајте се покривајки ги устата. Пак повторете ја постапката. Потоа легнете на стомак на кревет со јастукот под вас и наредните десет минути дишете подлабоко отколку вообичаено.

– Ова е најважниот дел  бидејќи лежењето на грб може да ви ги затвори малите дишни патишта,  може да доведе до ателектаза која може да доведе до секунадрно воиспаление на белите дробови и да ви се влоши состојбата – објаснил докторот.

Текст и фото: telegraf.rs