Еј, животе колку бол ни нанесе, зарем мора вака тешко да е- опеана самоизолацијата од Дарио – ММС
ММС

Објавено на: 04/8/20 10:03 AM

Еј, животе колку бол ни нанесе, зарем мора вака тешко да е- опеана самоизолацијата од Дарио

Во ова време-невреме меѓу сите лоши вести убаво е да се слушне нова песна, која е посветена токму за сега, кога најмногу од се треба да размислуваме за животот. А  песната е „Еј животе“, која пред неколку дена ја промовираше Дарио. Музиката и текстот на „Еј, животе“ се авторско дело на Дарио, а аранжманот го направи Кристијан Габроски. Песната се уште нема видое запис, но и аудио верзијата на Јутјуб е доволна за да се стави на преслушување во ова вонредно време што го живееме.

      Се подготвуваат и нови песни, Дарио и Криситјан

-Ова е новата песна, песна за животот. Се надевам дека во овој тежок период за сите нас, луѓето ќе се пронајдат себе си и ќе уживаат во неа. И здравје Боже, кога сето ова ќе заврши заедно да ја пееме на концерти.  Ова лудило мора да заврши, како што велам во песната- „Еј  животе, колку бол (и полициски час) ни донесе,а прекрасен си покрај се“. И навистина е така, животот е суров и прекрасен, тажен и радосен, со победи и порази, вели Дарио.