Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн апелираше до германската Влада, што е можно побрзо, да ги укине контролите на границите со Луксембург и со Франција.
„Граничните контроли ме загрижуваат. Ако падне Шенген, тогаш паѓа и ЕУ. Шенген е најголемото достигнување на Унијата“, рече Аселборн во изјава за германски медиуми.
Тој додал и оти граничните контроли предизвикуваат само проблеми.
Германија на 16 март воведе контроли на нејзините граници кон Австрија, Швајцарија, Франција, Луксембург и Данска.