Црногорската полиција го уапсила М.Р., службеник во здравствен дом во Подгорица, поради сомнение дека извршил кривично дело – неовластено собирање и користење лични податоци.
Тој бил задолжен за податоците на заразените од Ковид-19, а преку апликацијата Вибер ги препратил податоците до колеги, а потоа осамнале и на социјалните мрежи.
Тој е приведен и ќе биде предаден на сослушување во джДржавното јавно обвинителство.


