Повеќе од 300.000 луѓе во светот досега се излекувани од Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 04/8/20 6:31 AM

Повеќе од 300.000 луѓе во светот досега се излекувани од Ковид-19

На светско ниво повеќе од 300.000 лица се излекуваа од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), пренесува агенцијата Анадолија (АА).

Интернет страницата „Worldometer“ прави секојдневно ажурирање на податоци во врска со Ковид-19. Според најново објавените податоци, во светот 300.601 лице се излекувале од новиот тип на коронавирусот.

Од оваа бројка 77.167 се лица што се излекувале во Кина, со што тоа е земја со најголем број на излекувани лица заразени од Ковид-19.

По Кина, следуваат Шпанија со 43.208 излекувани, Германија со 36.081, Иран – 27.039, Италија – 24.392, САД – 21.316,  Франција со 19.337…

Процентот на смртност на пандемијата во светот изнесува 5,6 отсто.