Бројот на заболени од Ковид-19, според синоќешните податоци, во светот достигна до 1,4 милиони, а на починатите 81.000. По САД, од вчера на Италија и на Шпанија им се придружи и Франција, земји во кои има повеќе од 10.000 починати.
Најмногу заразени има во САД – 388.000, од кои починати се 12.274, а само вчера таму починале 1.403 луѓе. Во Франција, каде што има околу 110.000 заразени, за 24 часа починале дури 1.417 луѓе, па вкупниот број починати во таа земја сега е околу 10.330. Во Италија и во Шпанија има во последните денови пад на црната статистика. Вкупниот број заболени во Италија е околу 135.000, а во Шпанија 140.000. Во Италија досега имаат починато нешто повеќе од 17.000 луѓе, а во Шпанија речиси 14.000. Германија, пак, има заразено 107.000 заразени, речиси исто како и во Франција, но во Германија има „само“ 1.942 починати, од кои вчера 132.
На Балканот, во Македонија вчера бројот на заболени се зголеми на 599, а на починатите на 26, во БиХ заболени се764, а починати 33, во Хрватска има заразено околу 1.300, а починато 18 луѓе, во Србија уште завчера бројот на заболени надмина 2.000, а на починати повеќе од 50, во Грција има заразено околу 2.000 луѓе, а починати нешто помалку од сто, во Турција има заразено речиси 35.000 луѓе, од кои починати се 725…


