Според дополнителната информација од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) 45-годишен пациент од Скопје, тестиран и потврден позитивен на Ковид-19 преку Ветеринарен факултет, починал на пат кон болницата „8- ми Септември”, соопшти владината прес-служба.
Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата попладнево информираше дека четворица пациенти починаа на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје. Станува збор за: пациент од Куманово (52), пациентка од Лабуништа-Струга (65), пациентка од Челопек – Тетово (62) и една пациентка од Штип (81). Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години.


