И во Јапонија вонредна состојба поради коронавирусот – ММС
ММС

Објавено на: 04/7/20 10:58 AM

И во Јапонија вонредна состојба поради коронавирусот

Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска прогласи вонредна состојба во земјата, во Токио и во шесте други региони, откако вчера само во Токио бројот на заразени надминал илјада.

„Прогласум вонредна состојба додека ситуацијаа во земјата не се промени“, соопшти Абе.

Тој појасил и оти оваа мерка не е слична со строгите одредби во некои други земји. Но, вонредната состојба им овозможува на гувернерите во погодените региони да ги повикаат луѓето да останат дома, а и да се затвораат фирми. Според јапонските регулативи, овие мерки не се строго обврзувачки, туку повеќе се засноваат на меѓусебна контрола и доверба на граѓаните и почитување на власта.