Шест лица се казнети со вкупна парична казна од 24.000 евра, бидејќи не ги почитувале мерките за сузбивање на коронавирусот во Црна Гора.
При полициска контрола на на улицата Кањош Мацедоновиќ во Будва, во ресторан на хотел на маса биле затекнати шест луѓе – газдата и уште петмина. Четворица од нив судот ги казнил со парични казни од по 4.500 евра, а тројца поминале „поевтино“, ќе платат по 3.000 евра. Шестемина биле на возраст од 32, па до 51 година, пишуваат тамошни медиуми.


