5.000 евра казна за тој што го исече здравото дрво пред ДТЦ „Мавровка“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/20 6:42 PM

5.000 евра казна за тој што го исече здравото дрво пред ДТЦ „Мавровка“

Лицето кое го исече дрвото пред трговскиот центар „Мавровка“ е казнето со 5.000 евра, објави на својот Фејсбук профил градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

-Во ова време, невреме, успеавме со скромните градски видео можности да го идентификуваме лицето кое што бесправно ги исече дрвата пред Мавровка, напиша Шилегов.

На рекацијата на Шилегов претходеше објава од Град Скопје, во која пишуваше дека бесправно е исечено здраво дрво.

„Крстосницата кај Судска палата е една од најзагадените точки во градот, а дрвото е исечено без одобрение од надлежните градски служби. Градските комунални инспектори го истражуваат случајот и сторителот ќе биде казнет“, се вели во објавата на Град Скопје.