На својата денешна седница Владата усвои Уредбата со која се уредува ограничување на правото на исплата на паричните паушали на извршните членови на Одборите на директори, паричните надоместоци на претседателите и членовите на управни и надзорни одбори, претседателите и членовите на советите на единиците на локалната самоуправа и претседателите и членовите на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од Владата и органите на единиците на локалната власт, кои се истовремено вработени за време на траење на вонредната состојба.
Според Уредбата, на овие лица, заклучно со месец декември 2020 година не им се исплатуваат парични надоместоци, како и надоместоци за патни и други материјални трошоци.
Оваа уредба не се однесува на лица кои на денот на влегување на сила на оваа уредба со законска сила се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.
Објавено на: 04/6/20 6:24 PM