Џон Тејлор, басистот на познатата англиска група„Дуран Дуран“ на Фејсбук профилот на бендот напишал дека пред три недели дознал дека е позитивен на коронавирусот. Тој рекол дека на почетокот симптомите биле благи , но дека цела недела ја поминал лежејки и се чувствувал „под многу силен грип“ отколку што обично се чувствува. Тој рекол дека убаво му било во карантин, бидејки само така успеал да оздрави како треба.
“Драги моји пријатели, одлучив сам да ја поделам со вас веста дека пред три недели дознав дека сум позитивен коронавирус. Иако сум во зрели години, морам да признам дека мојот организам по седум дена се опорави од нешто што личеше на силен грип. Морам и да признам и дека седењето во карантин за тоа многу допринесе”, напишал тој и додал:
“Им праќам љубов на сите фанови и пријатели во Италија посебно, во Англија, Америка и сите земји кои имав среќа да ги посетам со „Дуран Дуран“. Едвај чекам повторно да застанам на бина, па да поделам со вас љубов и радост. Чувајте се и држете се, напишал басистот.
Извор: kurir.rs
Фото: thejakartapost.com


