Италија дава гаранции во вредност до 200 милијарди евра за банкарски кредити – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/20 6:00 PM

Италија дава гаранции во вредност до 200 милијарди евра за банкарски кредити

Италијанската агенција за заштита на депозити и кредити (Cassa Depositi e Prestit, CDP) и нејзината извозна агенција Sace ќе имаат овластување оваа година да даваат гаранции за банкарски кредити во вредност до 200 милијарди евра.

Според нацрт регулативата на владата, во која денес имала увид агенцијата Reuters, државниот трезор ќе формира фонд наменет од милијарда евра за давање на гаранции на банките за кредити наменети за ублажување на влијанието на кризата од коронавирус врз економијата.

Reuters додава дека од 200 милијарди евра, 30 милијарди (32,39 милијарди долари) ќе бидат наменети за мали и средни претпријатија, кои се столбот на италијанската економија.

Извор: denar.mk