Запознајте го регионално популарниот зборлив папагал Хуго (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/20 3:00 PM

Запознајте го регионално популарниот зборлив папагал Хуго (ВИДЕО)

Африканскиот сив папагал Хуго, освен популарноста ширум во Хрватска ја доживува пошироко во регионот. Ако досега не сте го сретнале Хуго на Јутјуб, со следните видеа ќе го надополните тоа и ќе станете верни фанови на оваа преубава птица.

Андрија Гудељ, е неговиот сопственик и најдобар пријател. Хуго го вдомил сосема случајно. Прво Хуго бил во сопственост на пријател на Андрија, кој немал доволно слободно време да му посвети. Со оглед на тоа што овие папагали имаат потреба од многу внимание, најголем грев е да ги држите во изолација, па затоа било потребно да му најде нов сосптвеник кој ќе може да му се посвети потполно. Таа улога ја превземал Андрија, кој раскажува како тој и Хуго „кликнале“ уште во првиот момент.

Кога е неговиот сопственик на терен, грижата за него ја превзема баба Мара, чие име често се слуша во видеата каде што е Хуго. Андрија проценува дека неговиот пердувест пријател знае повеќе од илјада зборови, но таа бројка не е единственото нешто што фасцинира во целата таа приказна. Хуго е папагал кој ги поврзува зборовите и совршено ги користи во вистински момент, покажувајќи дека тој знае за кого и што зборува.

Фасцинантен е фактот дека Хуго никој не го учи на тие зборови, тој сам учи и го зголемува вокабуларот секој ден и тоа го учи низ игра. Нормално е да го видите Хуго како се смее откако ќе одглуми звук на телефон само да ја разбуди баба Мара па дури и ја натерал да се јави.

Овие денови Хуго многу често слуша информации за коронавирусот, како на пример маски и миење на раце па одлучил и тој да ги научи и да апелира. Сигурни сме дека ќе уживате во друштво на Хуго.