Германија најголем извозник на медицински производи во светот – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/20 2:21 PM

Германија најголем извозник на медицински производи во светот

Германија е најголем извозник на медицински производи во светот, додека Кина и Сингапур водат во извозот на маски и респиратори, покажува извештајот на Светската трговска организација, која укажува дека во време на падемија од коронавирус по највисоки стапки се царини сапунот.

Вкупниот извоз на лекови, медицинска опрема, производи за лична заштита и потрошен медицински материјал во 2019 година достигна 996 милијарди долари, што е шест проценти повеќе од претходната година. Германија е најголем извозник, со вредност на извозот во 2019 година од 136,2 милијарди долари и 14 проценти учество на светскиот пазар.

На второ место се САД со 116,6 милијарди долари и удел од 12 проценти. Трета е Швајцарија со 90 милијарди долари извоз и девет проценти учество во глобалниот пазар.

Тие три земји сочинуваат нешто повеќе од една третина од светскиот извоз на медицински производи, утврди Светската трговска организација. Вредноста на увозот минатата година порасна пет проценти, надминувајќи 1.000 милијарди долари.

Така, вкупната вредност на глобалната размена на медицински производи во 2019 година достигнала околу 2.000 милијарди долари, што одговара на околу пет проценти од вредноста на вкупната глобална стокова размена.

Извор: denar.mk