Претставникот на мексиканската компанија „Група Модело“, објави дека привремено ќе биде прекинато производството на нивниот најпознат бренд, пивото „Корона“ кое се извезува во 180 земји, во склад со владините мерки во борбата за сузбивањето на ширењето на Корона вирусот.
Бидејќи бројот на случаи заразени од Корона во Мексико надмина 1000, Владата прогласи вонредна ситуација и донесе одлкука да се прекине работата на сите сектори кои не се витални за нормално функционирање на земјуте.Во состав со мерките компанијата „Група Модело„ ќе мора да го прекине производството на својата најпозната марка на пиво „Корона“.
На интернет веќе се појавија информации за пад на продажбата на пивото во САД, тврдење кое сепак,компанијата го демантираше.
Би-Би-Си“, сепак, напоменува дека стопирањето на произвството на пивото нема никаква врска си името „Корона“, туку затоа што работата на „Групо Модело“ во Мексико е окарактеризирана како непотребна во време на кризата.