Дали сте знаеле дека претераното размислување може да предизвика стрес, а на тоа посклони се жените, најверојатно поради тоа што се поемотивни, покажало истражувањето. Голем впечаток на тоа има и воспитувањето, па лицата чии родители биле критички настроени, повеќе се окупирани со размислувања.
„Кога премногу размислувате, се вртите во круг, наместо да се фокусирате на решавање на проблемот и прашања кои вас ве мачат“, вели Лори Хилт, доктор по психологија на Универзитетот во Лоренс во американскиот град Еплтон.
Ако сте окупирани со некој проблем, тргнете ги мислите со тоа што ќе гледате филм, ќе читате книги, а во нормални околности кога нема ограничувања за движење, излезете да се видите со пријателите. Луѓето кои размислуваат за убави работи се помалку депресивни и брзо ги решаваат проблемите, сметаат експертите.
Фокусирајте се на сегашноста со што ќе се трудите да управувате со своите мисли. Во тоа можат да ви помогнат активностите како танцот, бидејќи во тој момент ќе се сконцентрирате на секое движење. Насочете ги мислите на донесување важни одлуки, а за тоа е важен и квалитетниот сон. Спијте најмалку седум часа за да имате енергија за дневните обврски. Доколку сметате дека не можете реално да согледате одредена ситуација, посоветувајте се со некој кому му верувате. Веднаш тргнете во акција, бидејќи претераното размислување би можело вас да ве успори или обесхрабри во реализација на целта.


