Бајрами: Антикорупциска се соочува со опструкции од другите органи (видео) – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/20 11:20 AM

Бајрами: Антикорупциска се соочува со опструкции од другите органи (видео)

Нури Бајрами, член на Државната комисија за спречување на корупцијата и суди на интереси (ДКСК)  во емисијата Стадион на Канал 77, ги повикува вработените во јавниот сектор да не трпат притисок, да не се плашат и да пријават коруптивно однесување, бидејќи тие се диретно инволвирани и го гледаат тоа.

– Ние како Комисија сме само еден орган, ние не гледаме се’. Нашите постапки се долги и не можеме да стигнеме навреме без да имаме конкретни докази за такви наводи. Веќе имаме опструкции и други проблеми  при комуникација со другите органи, изјави Бајрами.