Христово воскреснување годинава ќе се слави без верници. Европскиот митрополит, Отец Пимен вели дека Синодот на МПЦ веќе имало состанок и договорени се да се усогласи чествувањето на Христовото воскресение со владините мерки, во состојба на пандемија од Корона вирусот. Отец Пимен за mms.mk рече дека веќе се знае како ќе се чествува христовото воскреснување, како ќе работат божјите храмови и како треба верниците да се однесуваат во состојба на опасност од зараза и полициски час.
-Во согласност со препораките за самоизолација и да не смее на едно место да се собираат повеќе од пет души ние ги донесовме нашите правила за чествување на Исусовото воскресение, односно славењето на Велигден. Ќе се богослужи во сите цркви, како што е вообичаено, а бидеји во саботата ноќта трае полицискиот час ќе има служба без верници. Редуцираноста е направена и кај нас свештените лица, па така како и вообичаено во саботата на полноќ на литургијата нема да има повеќе од пет свештеници, иако други години се кружело околу храмовите со многу повеќе од пет свештеници. Во неделата црквите и храмовите нормално ќе си бидат отворени, но ќе биде регулиран влезот, односно ќе се пуштаат максимум по пет верници на молитва или причеств
ување. Тоа ќе биде регулирано од нашите службеници, кои ќе стојат пред вратата на верскиот објект и ќе го регулираат влегувањето на врниците за индивирдуална молитва. Се со цел да не се наруши протоколот на однесување при вонредната ситуација, вели отец Пимен.
Собирањето на верниците, односно посетата на верските храмови ќе биде дозволено во саботата и неделата преку ден, кога ќе може да се причестат. И тогаш ќе се почитува препораката на едно место не повеќе од петмина, што ќе важи и за свештениците и за верниците. Свештениците сега со меѓусебен договор ќе бидат распоредени во храмовите каде што досега и воопшто не се одржувала литургија, за да верниците имаат избор.
-Ова е личен договор мегу свештенството, да се богослужи во повеќе храмови. Ќе се распоредат во периферни цркви, кај што не се богослужело, за да верниците не се собираат на едно место. Духовните чеда на било кој свештеник ќе ги слушаат препораките во која тој ќе богослужи за да одат таму. Ова го кажувам од причина што поентата на чествувањето на исусовото воскресение не е да дојдеш, да скршиш јајце и да си заминеш. Ова повеќе важи за духовните верници што постат, што се исповедуваат редовно и се редовни посетители на духивните храмови, објаснува отец Пимен.
Верниците забраната за славењето на исусовото воскреснување го доживуваат различно. Едни велат дека и покрај полицискиот час ќе заминат во црква во сабота на полноќ, додека други мегусебно на социјалните мрежи се организираат ноќта пред воскресението сите со свеќи да излезат на прозорците. Отец Пимен вели дека ова не е добра идеја, особено не да го прекрши полицискиот час и да дојде на чествување.
-Информирани сме дека традиционалнистички се повикува на полноќ со свеќи да застанат на прозорите или да ги прекршуваат препораките за заштита. Ние не сме иницијатори, богослужбите нам ни се начин на живот. Ако сакаат верниците да направат така нека направат. А за другите кои велат дека ништо не може да ги спречи и спротивно на препораките ќе си дојдат на чествување. Тоа нам ни прави проблем. Нив сакам само да ги потсетам дека главно во христијанството е послушанието, а не да правиме анархија. Затоа би им порачал дека не треба да ги прекршуваме мерките. Па и ние свештениците не ги нарушуаваме мерките. Освен тоа богослужбата во саботата навечер ќе се пренесува на Македонската телевизија, па ќе може верниците да ја следат, додава отец Пимен.
Едно од главните прашања кои си го поставуваат верниците е причествувањето и чинот кога причестата се зема од една чаша, една лажичка. Како во оваа вонредна ситуација.
-Така се причествува, така и ќе остане. Оние кои се болни а не можат да дојдат причестата ќе им биде однесена дома. Гледаме да најдеме начин да се одржат богослужбите и да им се удоволи на верниците. Така се договоривме сите 12 активни членови во Синодската канцеларија, но не на состанок туку телефонски, бидејки и ние ги почитуваме препораките. И ние како свештенство сме затекнати и се прилагодуваме на ситуацијата. Не е наше да речеме- никој ништо не ни може. Ете во Србија има починат Владика од корона вирус. Ќе споменам причествувањето не е заразно, нема сведоштво дека пиењето од иста часа или иста лажичка некого заразило. Затоа пак ќе кажам ние ќе го причеститме народот, ке го задржиме традиционалното, но се држиме и до протоколот за не повеќе од петмина верници на едно место и држењето растојание меѓу нив, објанува отец Пимен.
Велики петок годинава е на 17 април, славењето на Христовото воскресение е в сабота на полноќ, на 18 април а прв ден Велигден, кога храмовите ќе бидат отворени за молитви, света причест и причест и исповед.
Весна Миленковска
Апел на Светиот Синот на Македонската православна црка- Охридска архиепископија
Од Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден, упатија повик до парохиското свештенство, монаштвото и верниците, за почитување на веќе утврдените владини мерки, со цел за да се намали ширењето на заразата од Ковид-19 и да се заштити здравјето на населението. Во соопштението се истакнува потребата од продолжување на вонредната мерка за јавните собири, која прецизно го ограничува движењето и групирањето на луѓето, а која ќе важи како за овие денови, така и за периодот на претстојните Велигденски празници. Храмовите за лична молитва на верниците, ќе бидат отворени, но притоа се апелира одговорно да се почитува наложеното правило во јавниот простор, во дозволените часови за јавно движење, времено да престојуваат исклучиво до пет луѓе на одредено растојание. Упатија и апел за реално да се гледа опасноста од раширениот корона-вирус, кој како што велат, со Божја помош, ќе биде победен, доколку еднодушно и од страна на сите се почитуваат и следниве насоки:
- Светите Литургии и сите богослужби да се одржуваат со неколкумина сослужители, со најмногу петмина верници, водејќи грижа да не се наруши веќе наложената мерка за јавен собир.
- Со благослов на надлежниот епархиски архијереј, во своите парохиски храмови, верниците да пристапат кон Светата Причест, на начин што е веќе востановен и утврден.
- На повозрасните, изнемоштените и имунослабите лица, како и на децата, им препорачува да останат во своите домови. Доколку имаат духовна потреба, истите да се најават кај своите парохиски свештеници за да бидат причестени во домашни услови.
- Во оваа вонредна состојба го благословува и го смета за полезно медиумското пренесување на црковните богослужби од националните и локалните медиуми, како и на интернет ресурсите.
- Оние, пак, кои во претстојниов период се одлучиле за самоизолацијата, или, пак, на кои истата им е наложена како превентива против заразата, ги охрабрува во нивната самопожртвуваност, затоа што таа ги штити и нив, но и другите околу нив.
- Со своето однесување, никој не смее да биде причина за нарушување на востановените безбедносни регулативи и постоечките здравствени норми.
- Евентуалните прекршители на вонредните владини мерки треба да понесат сопствена одговорност.
Тие упатуваат апел за внимателен однос кон корона-позитивните лица, препорачувајќи да се избегнуваат обвинувања врз таа основа.
- Доколку се констатира остварен контакт со позитивен носител на овој вирус, во црковно-административен објект, парохиски храм или манастир, да се следи протоколот предвиден од надлежните здравствени власти и веднаш да се пристапи кон карантински услови, дезинфекција и самоизолација.
- Припадниците на клирот да ја следат личната здравствена состојба и при секој изразен симптом, познат за оваа болест, да го известат својот матичен лекар.
- Погребите да се извршуваат на отворен простор, а крштевките, доколку е неопходно, во кругот на најтесното семејство