TikTok најдобра забава во самоизолација – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/20 10:50 AM

TikTok најдобра забава во самоизолација

Ако се уште се сеќавате на песната „Tik Tok“ која ја објави Kesha во 2009 -та година, значи дека се уште не сте доволно стари да не знаете зошто служи апликацијата TikTok, на која денеска се сите кул тинејџери но и повозрасни. Ако сте од оние кои не знаат, пред вас е нашиот водич низ светот на TikTok апликација:  што е, кој се е на неа и зошто мораш да ја симнеш уште веднаш од Play Store.

Што е TikTok?
Апликацијата е лансирана уште во април 2014 година, под името Musical.ly,  откако кинеската компанија „ByteDance“  во ноември 2018 година ја купи апликацијата, во август 2018 година, се роди TikTok.

Оваа апликација е позната по тоа што луѓето на снимките пејат на плејбек, учествуваат во разни предизвици, а благодарејќи на влијанието на апликацијата врз младите луѓе, многу музичари и токму поради оваа апликација имаат успех на музичките листи.

За што служи TikTok?
Иако на почетокот служеше за мрдање на усните додека во позадина оди гласот кој го емитирате, TikTok видеата се развија во повеќе различни правци. Штом ќе направиш налог, твојот „feed“  ќе се исполни со најразлични видеа од сите сфери: од танцови, преку гимнастичари до комичари. Сите тие ги поврзува еден вид аудиоснимка, песна или глас, исечок од серија, реклама и тоа случајно, а нив ги бирате од галеријата на аудио записи.

Како и на останатите друштвени мрежи, може да аплицирате најразлични филтри, да оставите кометар и лајкови, а тука се и инфлуенсерите, а што би правеле без нив?!

Што е TikTok предизвик?
Ако се сеќавате на Фејсбук предизвикот, како оној со истурање на кофа со ладна вода, со хуманитарна цел. Главно секој предизвик на оваа апликација се состои од специфичен потег, танц или мимики, некои треба да ги направите низ одредени песни. Во него учествуваат и познати, но често и обичните корисници, за кои се пишува и во медиумите.

Некој од најпопуларните TikTok предизвиците се емотикон предизвиците, каде корисниците треба во рок од 15 секунди да направат израз на лицето како емотиконот кој им е зададен од апликацијата.

Зшто се зборува за TikTok?
TikTok е релативно популарна апликација веќе неколку години, но вистинската експанзија ја доживеа минатата година пред се поради различни предизвици но и поради хип хоп ѕвездата Li Nas X. Нивниот сингл „Old Town Road“ стана вирален благодарејќи на TikTоk, а песната потоа заврши на врвот на Билборд Хот 100 листата и на листата на Hot R&B/Hip Hop песните.