Сменетиот капетан на американскиот носач, кој алармираше за заразата на бродот, и самиот заразен од Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/20 10:24 AM

Сменетиот капетан на американскиот носач, кој алармираше за заразата на бродот, и самиот заразен од Ковид-19

Капетанот  на американскиот мосач на авиони „Теодор Рузвелт“, Брет Крозје, кој деновиве беше сменет од должноста откако неговото писмо за избивање на вирусот на бродот дојде до медиумите, и самиот е позитивен на Ковид-19, пишува „Њујорк тајмс“.

Според извори на весникот, во моментот тој се наоѓа во карантин во база на американската Воена морнарица на островот Гвам.

Според последните податоци, од нешто повеќе од 4.000 членови на екипажот на бродот, бројот на заболените од коронавирус достигнал до 155, а повеќе од 1.500 морнари го напуштиле носачот.