Гигантот „Тесла“ ги отпушта работниците со договори на одреден период – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/20 9:00 AM

Гигантот „Тесла“ ги отпушта работниците со договори на одреден период

Компанијата „Тесла“ ги отпушта работниците со договори за работа на одредено време од фабриката за производство на автомобили и акумулатори во Калифорнија и Невада, изјавиле тројца вработени за CNBC,  кои дописите за отказот ги споделиле со редакцијата.

Компанијата ги откажува договорите од таа категорија на вработени во фабриката за автомобили во Фремонт, во Калифорнија и во гигафабриката близу местото Рено, во Невада, каде „Тесла“ произведува батерии за напојување електрични возила и акумулатори.

Оваа мерка ќе погоди стотина работници, според проценката на соговорникот кој замолил да остане анонимен, бидејќи не е овластен за комуникација со медиумите за внатрешните случувања во компанијата.

Работниците кои имаат договор на одреден период, од кои многумина работеле со години во „Тесла“ некои со надеж дека ќе добијат постојано вработување со полно работно време, за отказите ја известиле и Агенцијата за вработување.

Во дописот до агенцијата „Balane Stafing“ отпуштените работници напишале:  „Со најдлабоко жалење мораме да ве информираме дека исклучувањето од фабриката „Тесла“ е продолжено поради пандмијата Ковид 19 и како резултат на тоа „Тесла“ побара моментално раскинување на сите договори“.

Агенцијата за регрутирање на кадри навела дека работниците ќе останат вработени од страна на Агенцијата и дека ќе можат да најдат друга работа преку нивните фирми.

Од оваа Агенција исто така ветиле дека ќе дадат се од себе работниците да ги вратат во „Тесла“ во иднина, доколку тоа е можно, уверувајќи  ги отпуштените дека причината поради која добиле отказ не е квалитетот на нивнитата работа туку исклучително тешките услови  со бизнисот.

И вработените на одреден период, ангажирани преку други агенции, добиле слично известување.