Мажот е татко на инфицирано лице кое пред неколку дена е примено во ЈЗУ Општа болница Велес откако останатите членови на семејството се изолирани во домашни услови.
Сепак за педесет годишниот велешанец, инфектолозите, веднаш одлучиле да биде болнички лекуван откако му ја земале епидемиолошката анкета на чија основа бил земен и брисот што веднаш бил испратен на анализа во Вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје. Денеска стигнатите резултати потврдиле дека и тој е позитивен на „Ковид 19“.
-Нема пациенти со тешки симптоми на Инфективното одделение во болницата. Сите се лекуваат и следат во одделот за карантин. Станува збор за вкупно 7 пациенти од кои 5 со докажан, потврден позитивни тест на „Ковид 19“ додека за 2 се чекаат резултати. Од двајцата чии резултати од брис се чекаат, една е возрасна жена, рече портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес д-р Николова Неделковска.
Од Центарот за јавно здравје денеска информираа дека е извршен погребот на починатиот 78 годишен велешанец.
-Безбедно од домот на починатиот сограѓанин се изнесени и однесени на погреб неговите сопруга и внука. Превозот на двете сограѓанки е реализиран, до вечното почивалиште на сопругот и дедо, како и назад до нивниот дом со возило на Итна медицинска помош. Бидејќи станува збор за лица во изолација спроведени се сите потребни медицински протоколи. Центар за јавно здравје во монетов очекува еден резултат од земен брис и се надеваме дека што поскоро Институтот во Скопје ќе го изработи и ќе ни ги испрати резултатите, додаде директорот Тони Димитриев.
Тој додаде дека утре ќе бидат земени брисови од шестемина членови на семејството на починатиот 78 годишен велешанец, кој денеска, беше погребан и дека се надева на брзо изработени резултати со што реално ќе може да се согледа здравствената состојба на членовите на ова семејство во Велес.
Убавка Јаневска