Владата донесе уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба. Во уредбата е дефинран дел за работниците вработени во приватниот сектор, опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, според која, неискористениот дел од годишниот одмор, односно неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, препорачува да се искористи до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.
-За работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 30 јуни 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот, пишува во владината Уредба.