Бил Гејтс ќе потроши милијарди за вакцина против Ковид- 19 – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/20 10:34 AM

Бил Гејтс ќе потроши милијарди за вакцина против Ковид- 19

Бил Гејтс, кој e oсновач на Мајкрософт и мултимилионер за „Дејли шоу“ изјавил дека неговата фондација ќе помогне побргу да се мобилизира владата за борба против коронавирусот.
„Бидејќи нашата фондација има длабока експертиза за заразни болести, размислувавме за епидемијата и финансиравме неколку подготвителни работи, како што е вакцината. Нашето предвремено влегување и финансирање може да ги забрза работите. “, изјавил тој.
Мултимилијардерот избра седум кандидати за производство на вакцини и ги подготви темелите за почеток на производството.
„Иако нашата селекција ќе заврши со максимум два вида , ние ќе ги финансираме сите седум преостанати компании, само за да не трошиме време велејќи: ОК Добро, каква вакцина делува?’ И тогаш ќе изградиме фабрика. Ќе потрошиме неколку милијарди долари. Вреди да се изгубат неколку милијарди долари заради ситуацијата во која се наоѓаме “, изјавил Гејтс за американските медиуми.
Гејтс и неговата сопруга Мелинда веќе ветија дека ќе се борат со пандемијата на коронавирус на секој можен начин. Гејтс ја повика владата да спроведе построги мерки на карантин во секоја држава и процени дека на САД ќе им требаат уште 10 недели изолација низ целата земја за ефикасно да се справи со кризата.