Ве нервираат дебелките „бутки“, а има голема причина да ги саката, зошто ви го чуваат здравјето – ММС
ММС

Објавено на: 08/27/20 9:00 PM

Ве нервираат дебелките „бутки“, а има голема причина да ги саката, зошто ви го чуваат здравјето

Сите жени сакаат да имаат слаби бутини, но не знаат дека дебелките бутки имаат своја предност! Ниедна жена нема да рече дека ги сака, особено преку лето им создаваат проблеми кога носат тесни фустани и здолништа.

Но, колку и да ги сакате или не дебелките бутини имаат своја предност- стручњаците велат дека можат да го намалат ризикот од срцев и мозочен удар, како и од зголемениот крвен притисок. Истражувањата покажале дека кај луѓето со поголема тежина, оние кои имаат најдебели „бутки“ за третина имаат помал ризик од зголемен крвен притисок, што инаку е фактор за ризик од срцев или мозочен удар.

Затоа и се смета дека многу е побезбедно доколку салото се таложи на бутините или колковите, отколку околу струкот, каде се поголеми шансите да влијае на органите кои ја регулираат висината на крвниот притисок.

“Наспроти  салото на стомакот, салото на нозете можеби може да има и позитивен ефект на метаболизмот”, вели др. Жен Јанг од  Универзитетот во Шангај.

Ова не значи дека дебелината е супер и пожелна, туку само дека салото на бутините, барем судејќи спрема оваа студија, не е штетно по здравјето.

Фото: prirodnoizdravo.com