Почина сам во студен болнички кревет- Италијанците се збогуваат со кралот на чевлите Серџо Роси – ММС
ММС

Објавено на: 04/4/20 8:16 PM

Почина сам во студен болнички кревет- Италијанците се збогуваат со кралот на чевлите Серџо Роси

Модниот свет го испрати Серџо Роси (85), легендарниот дизајнер  на чевли, кој почина како последица на КОВИД-19 и тоа  неколку дена откако беше хоспитализиран во Чезена, Италија.

Утре во неговиот град Сан Мауро Пасколи е прогласен за ден на жалост. Тој создаде голем број работни места за своите сограѓани, уште во 1951, од почетоците на градењето на модниот бренд за обувки кој го носи неговото име.

Серџо Роси починал во четвртокот вечерта во болница на северот од Италија. Починал сам во студен болнички кревет и далеку од семејството. Неговиот живот завршил на инфективниот оддел во болницата Буфалини во Чесена. Градоначалничката на неговиот град кој има околу 47 000 жители изјавила: „Неговата смрт е голема загуба за нашата заедница“.

Во 1999 година Гучи презеде 70% од компанијата на брендот за обувки „Серџо Роси“, а потоа во 2005 година и останатите 30%.

Фото: harpersbazaar.com