Голманот на екипата на Кил, Дарио Квенштет за германски медиуми рекол дека еден од најнезаборавните моменти во неговата кариера е настапот во Скопје, кога гостуваше во СЦ „Јане Сандански“. Причина за воодушевувњето е навивањето и поддршката од трибините, бидејќи биле голема поддршка на вардаци.
„Од натпреварите во Лигата на шампионите се сеќавам на гостувањето во Скопје. Иако го победивме Вардар на тој натпревар и бевме подобри на теренот во секој поглед од играта навивачите дадоа неверојатна поддршка на своите миленици. Дури имаше и пиротехника во салата. Се чувствував како да се наоѓам на фудбалски стадион, а не во сала. Досега никогаш не сум видел нешто слично на натпреварите во ракомет“, рекол Квенштет.
Фото: handball-world