Привремено е затворена епдидемилошката служба на гостиварскиот Центар за јавно здравје – ММС
ММС

Објавено на: 04/4/20 1:10 PM

Привремено е затворена епдидемилошката служба на гостиварскиот Центар за јавно здравје

Епидемиолошката служба и микриобиологија на подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гостивар од синоќа се затворена. Мерката засега е од привремен карактер откако вчера беше утврден позитивен тест на КОВИД 19 кај еден од вработените. Сите вработени, околу двесет, се упатени во домашна изолација.

Во телефонски контакти со дел од вработените тие потврдија дека во меѓувреме, им се земени брисеви за да се утврди нивниот статус и дали се носители на коронавирусот. Мерките кои треба се спроведат ќе зависат од исходот на тестирањата и одлуките на здравствените власти.

Епедимеиолозите во Гостивар изминативе денови извршија над 50 тестирања и спроведуваа епидемиолошки анкети. Деновиве се очекуваше да биде отворен и пункт за тестирање.