Црна Гора: Казнет со 4.000 евра и два месеца затвор – во автомобилот возел повеќе од двајца – ММС
ММС

Објавено на: 04/4/20 6:47 AM

Црна Гора: Казнет со 4.000 евра и два месеца затвор – во автомобилот возел повеќе од двајца

Жител на Подгорица, главниот град на Црна Гора, е казнет зашто во својот автомобил возел повеќе од две лица, што е спротивно со одлукатата на црногорската Влада за сузбивање на ширењето на коронавирусот.

Тој со Државното обвинителство постигнал спогодба за признавање на вината, па ќе плати 4.000 евра парична казна и ќе помине два месеца во домашен затвор, пренесува Н1.