Жител на Подгорица, главниот град на Црна Гора, е казнет зашто во својот автомобил возел повеќе од две лица, што е спротивно со одлукатата на црногорската Влада за сузбивање на ширењето на коронавирусот.
Тој со Државното обвинителство постигнал спогодба за признавање на вината, па ќе плати 4.000 евра парична казна и ќе помине два месеца во домашен затвор, пренесува Н1.


