Бројот на заразените од Ковид-19 во светот уште завчера ја надмина бројката од еден милион. Според податоци од синоќа, во САД се евидентирани повеќе од 270.000 заболени од вирусот, од кои повеќе од 7.000 се починати. Италија и Шпанија имаат по околу 120.000 заразени, а вкупниот број починати во Италија е речиси 15.000, а во Шпанија повеќе од 11.000. Во Италија вчера починале 766, а во Шпанија 850 луѓе.
Во Германија заболени се повеќе од 90.000 луѓе, а починати се 1.275, во Франција – 65.000 заболени и 6.500 починати, во Иран – 53.000 заболени и 3.300 починати…


