Облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува умерен, а во западните и крајните источни делови повремено засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура треба да достигне до 12 степени. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.
Утре претпладне ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во јужните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Од понеделник следува период на сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.



