Побаран притвор заради полов напад врз дете кое не наполнило 14 години – ММС
ММС

Објавено на: 04/3/20 5:39 PM

Побаран притвор заради полов напад врз дете кое не наполнило 14 години

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, жител на гостиварско село, на возраст од 67 години за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

Во насока на непречено одвивање на постапката и обезбедување присуство на осомничениот, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд во Гостивар достави и Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

Осомничениот  делото го сторил на 2 април 2020 година, кога искористувајќи го претходното познанство со детето – жртва, го повикал во простории на старо училиште. Детето давало отпор и било слушнато од минувачи, кои ја отвориле вратата и не дозволиле сторителот да побегне.​​