Хуморот не згасна во Мостар: Бронзениот споменик на Брус Ли осамна со маска и ракавици – ММС
ММС

Објавено на: 04/3/20 11:46 AM

Хуморот не згасна во Мостар: Бронзениот споменик на Брус Ли осамна со маска и ракавици

Досетливи мостарци го искористија споменикот на Брус Ли во нивниот град за своите сограѓани да ги потсетат дека треба да се почитуваат прописите и мерките за борба потив коронавирусот.

Така, бронзениот споменик во Мостар, Босна и Херцеговина, првиот град во светот што му подигнал такво обележје на планетарната борачка филмска ѕвезда, осамна со маска на лицето и со ракавици на рацете.

На бронзениот споменик Брус Ли е во природна големина и во карактеристичниот борачки став. Во подножјето на споменикот е напишано: „Твојот Мостар“, пренесува „Аваз“.